четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Официјално: Верстапен останува во Ред Бул до 2023 година

Официјално: Верстапен останува во Ред Бул до 2023 година

Ред Бул и официјално објави дека Макс Верстапен останува во тимот најмалку до 2023 година. Холанѓанецот е многу среќен и верува дека со поддршка на Хонда, екипата ќе успее. Токму тоа влијаело врз неговата одлука да остане. Договорот е повеќегодишен.

– Навистина сум среќен што го продолжив моето партнерство со тимот. Ред Бул веруваше во мене и ми даде можност да влезам во Формула 1, за што секогаш ќе бидам благодарен. Пристапувањето на Хонда и напредокот што го постигнавме во последните 12 месеци ме мотивираше уште повеќе и ми даде доверба дека можеме да победуваме заедно. Го почитувам начинот на кој заедно работат Ред Бул и Хонда; од обете страни, сите прават што можат, во име на успехот. Сакам да победувам со Ред Бул и нашата природна цел е да се бориме заедно за титулата, изјави Верстапен за официјалната страница на Ф1..

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер го оцени продолжувањето на договорот како „фантастична вест за тимот“.

– Макс докажа колку е вреден за тимот, тој верува во нашето партнерство со Хонда и со тоа што постигнавме и можеме да го постигнеме, па затоа сме крајно задоволни што продолживме да работиме заедно, изјави Хорнер.