вторник, 27. февруари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

ОФМ во Белград: Детализирани активности за проектот „Финансиска и бизнис писменост на спортисти и на тренери“

ОФМ во Белград: Детализирани активности за проектот „Финансиска и бизнис писменост на спортисти и на тренери“

По минатогодишниот состанок во Љубљана, Одбојкарската федерација на Македонија ги продолжи активностите за реализација на проектот „Финансиска и бизнис писменост на спортистите и на тренерите“ чијшто носител е Олимпискиот комитет на Словенија со поддршка на Европската комисија.

Претставници на македонската куќа на одбојката беа во Белград каде што беше детализиран планот за одржување на работилниците на коишто учесниците ќе имаат можност подетално да се запознаат со проблемите што настануваат во текот и по завршувањето на кариерата на спортистите, а во врска со финасиите.

-Во кариерата со траење од една до две децении, спортистите имаат можност да заработат повеќе од вработените во реален сектор, но праксата покажува дека не така мал број спортисти прават лоши финанскиски трансакции или вложуваат погрешно губејќи значителен дел од средствата, или, пак, доведувајќи се дури и до банкрот. Затоа целта на проектот е да се насочат спортистите од секоја генерација на вистински пат, а со самото тоа да се влијае и на интегритетот на спортот, затоа што ќе се намалат обидите за брзо и за нечесно збогатување преку неморални дејствија, прецизираше портпаролот на ОФМ Тони Стојановски.

На состанокот во Белград ОФМ договори предавач на работилниците во Македонија да биде господинот Миха Урек, финансиски советник за спортисти, автор на книгата „Победнички менталитет“ во којшто се разработуваат токму темите за управување со паричните ресурси на професионалните спортисти.

Датумот за работилниците ќе биде дополнително одреден, а на нив ќе можат да присуствуваат сите заинтересирани, не само одбојкари, туку сите спортисти воопшто.