Германскиот тенисер Александер Зверев е освојувачот на златниот медал на Олимписките игри откако во сингл категоријата славеше во финалниот натпревар против Русинот Карен Хачанов со 2-0 (6-3, 6-1).
Зверев кој во полуфиналето го победи српскиот ас Новак Ѓоковиќ повторно одигра на врвно ниво. Германецот беше подобар противник од самиот почеток па се до крајот и во ниеден момент не ја доведе победата во прашање.