Американскиот атлетичар Рај Бенџамин тешко се помири со фактот дека во трката на 400 метри со пречки истрча време побрзо од светскиот рекорд, а сепак остана без златен медал на Игрите во Токио.
Во една од највозбудливите олимписки трки на сите времиња, Норвежанецот Карстен Вархолм го освои златниот медал со нов светски рекорд од 45.94 секунди. Двократниот светски првак (2017, 2019) до својот прв олимписки медал во кариерата со резултат што за 76 стотинки беше подобар од неговиот и светски рекорд што го истрча на 2 јули на митингот од Дијамантската лига во Осло.
Американецот Бенџамин го освои сребрениот медал со 46.17, што, исто така, беше побрзо од стариот светски рекорд, додека бронзата му припадна на Бразилецот Алонсо дос Сантос (46.72).
– Ако пред Олимписките игри некој ми кажеше дека ќе истрчам 46.17 и ќе загубам, веројатно ќе го претепав, изјави Бенџамин.