петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ОИ: Ел Бакали е нов олимписки шампион на 3.000 метри стиплчес

ОИ: Ел Бакали е нов олимписки шампион на 3.000 метри стиплчес

Најдобрата атлетска нација на средни и долги патеки, Кенија, остана без злато во за нив најдоминантната дисциплина – 3.000 метри стоиплчес во машка конкуренција.

Мароканецот Софијан Ел Бакали е нов олимписки шампион, откако истрча 8:08.90 минути, што е негов најдобар резултат сезонава.

Полјакот Бронислав Малиновски на Олимписки игри во Москва е последниот олимписки победник кој не доаѓа од Кенија на 3.000 метри стиплчес.

Бронзениот од Светското првенство во Доха го оствари својот најголем успех во кариерата и на Мароко му го подари првото злато во Токио. Сребрениот медал му припадна на Етиопиецот Гирма, додека бронзата е за Кениецот Киген.

Во женското финале на 5.000 метри сензационален подвиг оствари Холанѓанката Сифан Хасан, која по златото на Габрела Сабо пред 21 година, донесе злато во Европа. Нејзиниот финиш донесе време 14:36.79 минути, што го комплетираше подвигот, бидејќи Холанѓанката падна во квалификациите и едвај се квалификуваше во финалната трка.

Обири од Кенија и Сегаи од Етипија ги освоија сребрениот и бронзениот медал.

До крајот на врнежливиот четврти атлетски ден медали ќе се делат уште во фрлање диск во женска конкуренција.