петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ОИ: Италијанскиот спринтер Џејкобс победник на 100 метри

ОИ: Италијанскиот спринтер Џејкобс победник на 100 метри

Италијанецот Ламонт Џејкобс го освои златниот медал на Олимписките игри во Токио, во трката на 100 метри. Тој најбрзата спринтерска трка ја заврши со време 9,80 секунди што е негов личен рекорд.

Среброто отиде кај Фред Карли од САД со време 9,84.

Третото место и бронзениот медал го освои Андре де Грас од Канада – 9,89 секунди.

Италија во период од само неколку минути освои две златни медали. Пред Џејкобс, радост на „Аѕурите“ им донесе и Џанмарко Тамбери во дисциплината скок во височина.