петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ОИ: Познати четврфиналистите на машкиот одбојкарски турнир

ОИ: Познати четврфиналистите на машкиот одбојкарски турнир

Одбојкарските репрезентации на Бразил и Франција одиграа трилер дуел во пет сета, кој на крајот им припадна над „кариоките“ со 3-2.

Бразил славеше по дури три часа борба со 20-18 во тај-брејкот. Дуелот по сетови заврши 25-22, 37-39, 25-17. 21-25, 20-18.

Вториот сет со одиграни 76 поени е најдолгиот сет на олимпискиот турнир. Валас, Лукас и Лукарели пак беа најдобри поентери кај победникот на Лигата на нации од оваа година.

Оваа победа значи второ место за Бразилците во групата Б, а Франција го чека исходот од натпреварот САД – Аргентина за да го дознае својот пласман (третото или четвртото место). Русија го обезбеди првото место со победата над Тунис со 3-0 (25-20, 25-22, 25-16).

Во групата А првото место е за полската селекција, која во најраниот денешен термин ја надигра Канада со 3-0 (25-15, 25-21, 25-16).

Полска, Италија и Канада од А групата и Русија, Бразил и Франција од Б групата веќе се во четвртфиналето, а последните два патници ќе бидат познати по одигрувањето на натпреварите Јапнија – Иран и Аргентина – САД.