сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ОИ: Валери Алман нова олимписка шампионка во фрлање диск

ОИ: Валери Алман нова олимписка шампионка во фрлање диск

Сандра Перковиќ ја навикна хрватската јавност на освојување на златни медали на големите натпреварувања, па токму затоа големо е разочарувањето откако оваа врвна атлетичарка го освои само четвртото место во фрлање на диск на Олимписките Игри во Токио.

Најдоброто фрлање на Перковиќ беше со далечина од 65,01 метар, далеку под оние 69,21 метри со кои го освои златото пред пет години во Рио.

Нова олимписка шампионка е Валери Алман од САД, со фрлање од 68,98 метри. „Сребрена“ во Токио е Кристин Пруденц со 66,86 метри, нејзин рекорд во кариерата, додека третото место и бронзениот медал завршија кај Јаиме Перез од Куба, со фрлање од 65,72 метри.