Судот за спортска арбитража (CAS) со седиште во Лозана му ја намали денеска за шест месеци двегодишната суспензија на светскиот првак на 100 метри Кристијан Колман поради кршење на антидопинг правилникот, но и покрај тоа американскиот спринтер нема да може да настапи на претстојните Олимписки игри (ОИ) во Токио.
Двегодишната суспензија на Колман започна да тече на 13 мај 2020 година, а со намалување на казната тој најрано ќе може да се врати на атлетската патека на 14 ноември годинава, пет месеци по Олимпијадата во Јапонија.
Колман ги прекрши антидопинг правилата откако три пати во период од 12 месеци не се појави на посочената локација за да даде примерок за тестирање.
-Го ценам тоа што судот заклучи дека сум „чист“ спортист, но воедно сум разочаран бидејќи нема да можам ова лето да настапат на Игрите во Токио, порача Колман во соопштение до јавноста.
Тој истакна дека во фокусот на неговите подготовки ќе биде одбраната на титулата на Светското првенство во јули идната година во Белград.