Организацијата на Летните олимписки и параолимписки игри, чии домаќин во 2028 година ќе биде Лос Анџелес, ќе чини 6,9 милијарди долари, најави денеска извршната директорка на Организацискиот комитет Кети Картер.
-ОИ и ПОИ ќе бидат финансиски здрави и ќе остават трајно влијание на градот домаќин, -изјави Картер.
-Пред сè, ние ќе бидеме домаќини на Игри, кои ќе се одржат во предвидениот термин и во рамки на предвидениот буџет, додаде Картер, наведувајќи оти Игрите ќе користат широк спектар на постоечки спортски објекти, а потрошувачката ќе се надомести со приходи од спонзорства, продажба на влезници и други извори. (МИА)