петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Олимпискиот Комитет ќе го претстави македонскиот тим кој ќе настапи на ЗОИ Пекинг 2022

Олимпискиот Комитет ќе го претстави македонскиот тим кој ќе настапи на ЗОИ Пекинг 2022

Олимпискиот Комитет на Северна Македонија денеска од 12 часот во прес-центарот на Комитетот ќе одржи прес-конференција на која ќе биде претставен македонскиот олимписки тим кој ќе настапи на претстојните Олимписки игри во Пекинг 2022 година.

Македонскиот состав на Зимските олимписки игри (ЗОИ) од 4 до 20 февруари во Пекинг ќе го сочинуваат Ана Цветановска, Дардан Дехари и Ставре Јада.

Цветановска ќе настапи 5 и 10 февруари, во крос канти во дисциплините 7,5 километри слободно плус 7,5 километри скијатлон, како и 10 километри класично.

Јада своите настапи ќе ги има на 8 и 19 февруари, во крос кантри во дисциплините спринт слободно 1,5 километри и 50 километри слободно, додека Дехари ќе настапи во слалом на 13 февруари и во велеслалом на
16 февруари.

Македонското знаме на церемонијата на отворање на ЗОИ ќе го носат Цветановска и Дехари.

Олимписката делегација ќе замине за Пекинг на 29 јануари, а ќе ја предводи спортскиот директор на МОК Владимир Богоевски.