четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Олимпискиот шампион Рилов суспендиран поради поддршка на Путин

Олимпискиот шампион Рилов суспендиран поради поддршка на Путин

Светската пливачка федерација (ФИНА) го суспендираше двократниот олимписки првак во пливање Евгениј Рилов поради поддршка на рускиот претседател Владимир Путин.

Суспензијата е во траење од девет месеци, а како причина е наведено присуството на Рилов на митингот на 8 март во Москва, по повод годишнината од руската анексија на Крим. Меѓу говорниците на стадионот „Лужники“ беше и Путин, а ФИНА го протолкува присуството на Рилов како јасна поддршка за рускиот претседател.

Рилов на Олимписките игри минатото лето во Токио ги освои златните медали на 100 и 200 метри грбно, како и сребро во штафетната трка 4×200 слободен стил. (МИА)