среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Онс Жабур е последната полуфиналистка на Вимблдон

Онс Жабур е последната полуфиналистка на Вимблдон

Онс Жабур стигна до последниот полуфинален билет на Вимблдон откако туниската тенисерка со одлична игра и пресврт стигна до победа од 2-1 над Рибакина.

Овој дуел претставуваше реприза на ланското вимблдонско финале, а Жабур го искористи за да и се одмазди за Рибакина за поразот во битката за трофејот од пред 12 месеци.

Бранителката на трофејот одлично го почна денешното четвртфинале и успеа да поведе со 1-0 во драматичниот прв сет што Рибакина го доби во тајбрејк. Таа потоа пропушти три брејк шанси при 2-2 во вториот сет, по што Жабур почна да игра се подобро.

Туниската тенисерка ја искористи својата шанса во десеттиот гејм и стигна до брејк со 6-4, а потоа во решавачкиот сет ја збриша Рибакина со 6-1, за пласман во полуфиналето.

Таму таа ќе се сретне со Сабаленка, која денеска славеше над Кис со 2-0 во сетови. Во втората полуфинална пресметка силите ќе ги одмерат Свитолина и Вондрусова.