Летово во Токои ќе се одржат ЛОИ, а како и пред секои игри, интересно е да се ѕирне како ќе изгледаат собите во олимпиското село.
На прв поглед собите, а посебно креветите не се нешто спектакуларно. Сепак организаторот уверува дека се ќе биде во ред. Тие биле направени од рециклирани материјали, биле цврсти и издржливи. Произведувачот со порака до спортистите…
„Не се грижете, тие се направени да издржат и 200 кг, само ќе ве молиме без групен секс на нив“.
Овие ОИ по многу работи ќе бидат историски, а една од нив е тоа што креветите се еколошки, долги се 210 см, но сепак не се практични за да на нив се сексаат повеќе од двајца.
Познато е дека на вакви големи смотри, каде што има и повеќе од 10.000 млади спортисти, сите тие си даваат за право и да се „одморат“ малку од напорните натпревари.
На пример на ОИ во Рио, биле потрошени околу 450.000 кондоми или 42 кондоми во просек на еден спортист. Спортистите се загрижени дека „еколошките кревети“ нема да издржат една добра партија секс.
Додека организаторот и произведувачот на тие кревети уверуваат дека се ќе биде во ред, но само ако се придржуваат до упатствата, а тие се, на нив во исто време да има најмногу две лица.