петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Осака ја прекина соработката со тренерот Џенкис

Осака ја прекина соработката со тренерот Џенкис

Јапонката Наоми Осака го отпушти тренерот Џермејн Џенкис, со кого работеше од февруари. Ова го објави самата атлетичарка на нејзиниот Твитер.

-Сакам да ве известам дека јас и Џермејн веќе нема да работиме заедно. Му благадорам за  времето поминато заедно, и за она што го научив од него, на и надвор од теренот. Но, чувствувам дека сега е вистинското време за промени. Благодарам за сè, напиша Осака.

Јапонката до неодамна беше прва светска тенисерка, а на последното рангирање на ВТА листа забележа пад од три позиции и сега се наоѓа на четвртото место.