Четирикатната грен – слем шампионка Наоми Осака, која не се натпреварува од септември лани, објави денеска оти се надева на враќање на тениските терени на следното издание на Австралија Опен 2024.
Во интервју за американската телевизија ЕСПН, 25-годишната Јапонка Осака, одговори потврдно на прашањето за можен настап на грен – слем турнирот во Мелбурн во јануари. Осака рече дека 16-месечната пауза во неа „повторно го разгорела огнот“, додавајќи оти планира да биде активна во тенисот во текот на целата 2024 година.
Осака привремено се повлече од тенисот, бидејќи во јануари минатата година роди девојче.
Јапонската тенисерка на маргините на УС Опен кој влегува во самата завршница на терените во Њујорк учествуваше на форум за ментално здравје на спортистите, заедно со американскиот пливач Мајкл Фелпс.