четврток, 11. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Осака за прв пат во кариерата ќе се бори за титула во Мајами

Осака за прв пат во кариерата ќе се бори за титула во Мајами

Јапонската тенисерка Наоми Осака за прв пат во кариерата ќе се бори за титулата на Мајами Опен, откако во полуфиналето ја совлада Швајцарката Белинда Бенчиќ со 4-6, 6-3, 6-4.

Јапонката ја забележа првата победа во четвртиот меѓусебен натпревар, со пресврт и отсервирани 14 од своите 18 асови во вториот и третиот сет.

За четирикатната грен-слем победничка ова е 11 финале во кариерата, а прво по пауза од една година.
Противничка на Осака, која е 77 рангирана на ВТА листата, ќе биде победничката од второто полуфинале меѓу Ига Свјонтек од Полска и Американката Џесика Пегула. (МИА)