понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Остри мерки за тенисерите пред почетокот на Вимблдон

Остри мерки за тенисерите  пред почетокот на Вимблдон

На тенисерите кои ќе учествуваат на Вимблдон ќе им биде забрането изнајување на куќи за престој.

Сите учесници на Отвореното првенство, вклучуајќи ги и нивните тимови ќе бидат сместени во ист хотел, Хотелот Парк Плаза кој има 1109 соби и апартмани.

Интерсно хотелот има само еден претседателски апартман, па сега љубителите на тенисот се прашуваат кого организаторите ќе сместат во него.

Дали бранителот на титулата најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, омилениот за нив Роџер Федерер или шампионката Серена Вилијамс.Апартманот има три соби, балкон и се простира на 132 квадратни метри.

Инаку наем на еднокреветна соба во хотелот Парк Плаза чини 220 фунти, двокревтените соби ќе бидат изнајмувани за 280 фунти. 63 апартмани во хотелот имаат балкони, се очекува во нив да бидат сместени тенисерите кои со своите семејства ќе пристигнат на Вимблдон.