Поранешниот тенисер Марк Росет откри нешто интересно за славниот колега Роџер Федерер.
Роџер секогаш важеше за вреден тенисер, но…
-Се сеќавам на првиот пат кога тренирав со него. Тој беше нов швајцарски талент, но беше толку мрзлив, рече тој.
Продолжи во истиот ритам.
-Обично кога сте млади на турнир сте малку под стрес, сакате да играте добро, многу сте нервозни. Момчето излезе на теренот како за ништо да не му е грижа.
Роџер секогаш важеше за голем работник и човек кој напорно тренира. Очигледно тоа дојде со возраста.