четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Откриено што зборувал: Исплашениот МекГрегор му се извинувал на Нурмагомедов среде борба

Откриено што зборувал: Исплашениот МекГрегор му се извинувал на Нурмагомедов среде борба

Ова е само бизнис, му кажал Конор МекГрегор на Хабиб Нурмагомедов.

Ова го открива снимката од покрај оградата, која ги фати зборовите на преплашениот Ирец кој доби жесток ќотек во Лас Вегас од шампионот Нурмагомедов. МекГрегор така практично пробувал да се оправда за сите оние гадости кои ги правел пред нивниот меч кога го провоцираше Нурмагомедов, го навредуваше неговото семејство и му ја исмеваше верата.

Не му беше смешно во рингот, каде Дагестанецот ја развлече борбата до четвртата рунда, многу велат намерно, како би покажал надмоќ. И беше реално гледано надмоќ, доминација од првата минута. МекГрегор не му можеше ништо на Нурмагомедов, кој со импресивни 27 победи од исто толку меча, остана УФЦ првак во лесна категорија.

Ајде сега да разговараме

Американските новинари ја анализираа и ситуацијата од крајот на борбата, кога Нурмагомедов го натера МекГрегор на „тапкање“. Судијата ја прекина борбата, а Ирецот остана да седи покрај оградата, Хабиб го погледна и му кажа: „Ајде сега да разговараме“.

Остана МекГрегор без зборови, нешто што ретко се случува. После тоа Нурмагомедов се сврти кон публиката каде беа членовите на тимот на МекГрегор, ја прескокна оградата и тргна да се тепа со нив. Настана општ хаос затоа во исто време во рингот влегоа членовите на тимот на Хабиб, кои го нападнаа МекГрегор. После се, шефот на УФЦ, Ден Вајт кажа дека Нурмагомедов би можел да остане без појасот.

МекГрегор после борбата кратко се огласи на социјалните мрежи со порака дека се весели на реваншот, како и дека Хабиб ја добил битката, но не и војната.

Во тоа време Нурмагомедов се врати во Русија. Во Анжи Арената во Дагестан го дочекаа, а Хабиб пристигна во придружба на својот татко и луѓето од својот тим, а го покажа и појасот без кој би можел да остане.

Молчеше цело време и трпеше провокации, но сега тој е тој кој зборува.

-Конор, зошто не успориш малку? Морам да признаам дека ми е малку жал. Ти кажав, ќе зборуваме во рингот. Зар стварно мислеше дека ќе ме победиш? Се извинувам ако некого навредив со својата заслужена победа. За оние кои навиваат за мене имам една порака, најдобри сте. Фала за неверојатната поддршка, кажа Хабиб.

 

View this post on Instagram

 

По братски, хоть сейчас тормозите, а то уже мне самому за вас неудобно ? Я же говорил вам, 6 октября я все скажу, или вы реально хотели, чтоб меня там побили?))) Извиняюсь перед всеми, кого я обидел нашей общей победой✊️ А мои искренние Болельщики – вы просто космос ? спасибо вам за вашу невероятную поддержку, я люблю вас, искренне ваш – Хабиб Нурмагомедов. #ТудаСюда #вореСахлъи

A post shared by Khabib Nurmagomedov (@khabib_nurmagomedov) on