Има само 160 сантиметри, а ја сметаат за една од најсекси тенисерките во ВТА-семејството. Доминика Цибулкова секогаш била магнет за јавноста, а особено кога ќе се подсоблече и ќе ги покаже своите облини.
Од Вимблдон отпадна во четвртфиналето, во два сета од Јелена Остапенко, па не ѝ преостана друго освен да се рехабилитира од поразот најдобро што знае. Се реши за Азурниот брег.
На Инстаграм-профилот на Цибулкова осамнаа фотографии од неа и нејзина пријателка на јахта, по Азурниот брег, а таа во танга и во многу атрактивно светло. Има преку 400.000 следбеници на Инстаграм, кои сигурно уживаат во нејзините фотографии и видеа.