недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Отворено пријавувањето за 15.Виз Ер Скопски маратон

Отворено пријавувањето за 15.Виз Ер Скопски маратон

Пријавување за учество на 15. Виз Ер Скопски маратон, што ќе се одржи на 5 мај 2019. е отворено од денеска и ќе се одвива во неколку фази.

Пријавените во првите три дена, денес, утре и задутре, ќе можат да го изберат својот стартен број од понудените рангови на броеви. Воедно, сите кои ќе се пријават до 31 март 2019 година во стартниот пакет ќе добијат и маица.

– Четиринаесеттиот Виз Ер Скопски маратон беше еден од најмасовните спортски настани во Македонија и имајќи ја предвид ангажираноста и пожртвуваноста на организаторите се очекува 15-от да е уште поголем и подобар. Според нив успехот се должи на сите учесници и поддржувачи кои го прават Виз Ер Скопскиот маратон тоа што е, празник на спортот и здравиот начин на живеење, соопшти тимот на Виз Ер Скопски маратон. (МИА)