Во одржувањето на совршената физичка форма, најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ вели дека храната на база на овошје и зеленчук му помага со години, па одвреме-навреме со своите обожаватели ги споделува тајните на својата специфична исхрана.
Новак и неговото семејство имаат утринска навика до која се придржуваат, а која обично вклучува пиење здраво смути. Еден таков е и сокот од целер, кој Ѓоковиќ го обожава.
„Овој сок е полн со минерали, соли и уште неколку неоткриени елементи кои го чистат црниот дроб. Прави чуда, како за мене и мојата сопруга, така и за нашите деца. Меѓутоа, не го земајте чист, туку со додаток краставица или сок од јаболко“, откри Новак на социјалните мрежи.
Сокото од целер можете многу лесно сами да го подготвите, а за тоа ви се потребни само соковник и неколку минути слободно време.
View this post on Instagram
Состојки:
– 4 стебленца целер (вклучувајќи ги листовите);
– 2 зелени јаболка (мали);
– парче ѓумбир, околу 2,5 см, излупено;
– кора од половина лимон;
– половина жолто цвекло, излупено.
Подготовка:
Сите состојки исечкајте ги на доволно мали парчиња за да ги собере во соковникот, вклучете го и толку. Се пие веднаш, додека е свежо.