сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Пад на Ивановски на новата АТП ранг листа

Пад на Ивановски на новата АТП ранг листа

Најдобриот македонски тенисер во моментов, Калин Ивановски има пад од четири позиции на последното рангирање, пад има и Марковски, а напредок бележи Србљак.

Ивановски има пад од четири позиции и во моментов се наоѓа на 370. место на АТП ранг листата со 131 поен.

Горазд Србљак со поенот од Курмилијска Бања има напредок од 24 позиции и се качи на 1093 место. Обрад Марковски има пад од 14 места и сега е на 1227 место.

На ВТА листата Лина Ѓорческа со 295 поени, колку што имаше и минатата недела, има пад од две места и сега се наоѓа на 249. позиција.