петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Пад за три позиции на Калин Ивановски на АТП ранг листата

Пад за три позиции на Калин Ивановски на АТП ранг листата

Новото рангирање на АТП листата не донесе поголеми поместувања за македонските тенисери особено што сите останаа на истиот број на поени од претходната недела.

Калин Ивановски има пад од три позиции и сега се наоѓа на 308 место со 176 поени.

Горазд Србљак има скок од шест места за моментно 1066 позиција со 10 поени, додека Обрад Марковски е на 1474 место со три поени (скок 11 позиции).

Пад на последната ВТА листа забележа и најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа. Таа е во моментот е 187. најдобра тенисерка на светот што е за едно место подоле од последната ранг листа.

А, пак Магдалена Стоилковска забележа напредок од седум места и во моментот е на 1227. позиција.