УС Опен се планира да започне на крајот на август под посебни мерки. Сепак, многу влади сè уште се несигурни за состојбата во Њујорк со пандемијата на коронавирус.
Еден од оние што е против играње е францускиот тенисер Беноа Пер, кој смета дека сегашната состојба во САД е премногу напната за игра.
– Пред еден месец би рекол дека ситуацијата се подобруваше, кафулињата почнаа повторно да се отвораат, како и рестораните, а сега е малку катастрофа. Постојат ризици од заминување во САД. Дури и ако одиме таму, има коцкање, има многу случаи на лице место – вели 31. тенисер во светот за францускиот „РМЦ“.
Тоа е многу комплицирано, подвлекува Пер.
– Да се оди таму значи да ризикувате да бидете заразени. Сакам да играм тенис и да патувам, тоа е нашето секојдневие, но ако ризикуваме да заминеме во САД, додека го почитуваме карантинот, се чини комплицирано. Ако играме на УС Опен, треба да ги жртвуваме Мадрид и Рим за сето тоа. Мора да најдете летови за да стигнете таму, смета Французинот.
На крајот, тој најави дека може да го пропушти Гренд слем турнирот во „Големото јаболко“.
– И покрај тоа што постои финансиско ограничување заради прекин на сезоната и потребата за игра, во овој момент претпочитам да не играм. Сакам да останам жив и со добра здравствена состојба – заврши Французинот.
УС Опен е планиран за периодот од 31 август до 13 септември. (MИА)