Серхио Перез се радува на голема победа на ГН на Монако, откако возачот на Ред Бул со одлична стратегија стигна до триумф пред Карлос Саинц и Макс Верстапен. Лошата стратегија на Ферари придонесе тој да заврши само како четврти.
Трката започна под безбедносно возило поради дождот, а откако патеката почна полека да се суши, Серхио Перез беше тој кој прв ризикуваше и влезе во бокс. Потегот на крајот се покажа како клучен, Мексиканецот се најде на чело на колоната откако и ривалите влегоа да ги променат гумите.
Шарл Леклер најмногу загуби и од првото место падна на четвртото, возачот од Монако пцуеше по своите механичари кога му стана јасно каква грешка направиле.
До крајот немаше многу драма на патеката, освен кога Мик Шумахер се заби во бариерата и неговиот дел се распарчи на два дела, но за среќа Германецот помина без повреди.
Во бодови денеска уште завршија и Расел, Норис, Алонсо, Хамилтон, Ботас и Фетел.