Пилотот на Ред Бул, Серхио Перез, следната сезона планира да се натпреварува со клупскиот колега Макс Верстапен во борбата за шампионската титула.
– Не е лесно да го победиш. Но, мора да продолжам да се обидувам. Морам да продолжам да се подобрувам. И верувам дека можам да го постигнам тоа. Само треба да се чувствувам поудобно. Таков каков што бев на почетокот на годината. А јас веќе покажав дека можам, ги цитира „GPblog“ зборовите на Мексиканецот.
Верстапен годинава стана шампион на Формула 1 (454 поени). Перез сезоната ја заврши на третото место со 305 бодови.