недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Петра Квитова заработи бизарна повреда, го напушта Париз

Петра Квитова заработи бизарна повреда, го напушта Париз

Поранешната најдобра тенисерка на светот, Петра Квитова, мораше принудно да се повлече од гренслем-турнирот „Ролан Гарос“ и тоа поради ептен бизарна причина – повреда на прес-конференција.

Чешката тенисерка се пласира во второто коло по триумфот над Белгијката Минен (2-1), но мораше да предаде.

Причина за тоа е повредата на глуждот добиена по пад во просторијата наменета за средба со новинарите.

Лекарите се обиделе да ја оспособат, но таа денеска соопшти дека не е во можност да продолжи со настапите во Париз.