сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Пливачите на Бета освоија медали во Ниш

Пливачите на Бета освоија медали во Ниш

Пливачите на Бета викендов учествуваа на меѓународниот пливачки натпревар „Свети Никола“ во Ниш, Србија, од каде успеаја да се вратат со медали, информираа од клубот.

Миа Блажевска Еминова освои трето место во дисциплините 50 метри делфин и 100 метри грбно а постави и нови македонски рекорди во дисциплините 50 метри слободно со време 28,41, во дисциплината 50 метри делфин со време 31,10и во дисциплината 100 метри грбно со време 1:13.14.

Бронзен медал и трето место во дисциплината 200 метри делфин освои Јана Милковска.

Андреј Стојаноски заврши на второто место во дисциплината 200 метри мешано, трето место во дисциплината 400 метри слободно и трето место водисциплината 400 метри мешано.

Дамчевски Матеја трето место во дисциплината 200 метри грбно.
Стојановски Андреј второ место во дисциплината 1500 метри слободно.