понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

По 23 години Скопје повторно домаќин на АТП Челинџер турнир

По 23 години Скопје повторно домаќин на АТП Челинџер турнир

Македонската тениска федерација по повод јубилеет „70 години македонски тенис“ ќе организира четири големи турнири во периодот од мај до септември 2023 година.

По пауза од цели 23 години, Скопје ќе биде домаќин на АТП Челинџер 75 турнир со награден фонд од 80.000 американски долари.

Организаторите очекуваат тенисери од 300 до 100 место на АТП ранг-листата, а турнирот ќе се одржи на терените на тенискиот клуб Југ од 20-ти до 27 мај.

На почетокот на месец јуни ќе се одржи ИТФ турнир со награден фонд од 25.000 американски долари. Од 19 до 25 јуни, Македонија втора година по ред ќе биде домаќин на Били Џин Кинг Купот на Европа за третата група, а покрај нашата женска репрезентација ќе учествуваат и Албанија, Азербејџан, Кипар, Ерменија, Финска, Исланд, Луксембург, Молдавија, Црна Гора и Сан Марино.

Тениското лето во Скопје ќе финишира во септември со ИТФ турнир во женска конкуренција со награден фонд од 25.000 долари