Тоа е долгогодишното прашање во главите на сите почетници во теретана: „Колку од оваа физичка тортура треба да издржам пред да забележам промена во моето тело?“
Сепак, не грижете се дури и ако ви оди малку побавно, можеби тоа е вашето тело, количината на тренинг или правилна исхрана и правење вежби.
Ако никогаш претходно не сте вежбале, можете да очекувате да видите резултати многу побрзо од некој кој тренира со години, бидејќи нивните тела веќе се навикнати на тој ритам.
Експертите велат дека сите сме различни, а и нашите очекувања се различни, па можеби нема да видиме што навистина сакаме и ќе изгледа дека целта е всушност недостижна. Дополнително, ако се придржувате до режимот на вежбање и тренирате помеѓу три и пет пати неделно, можете да очекувате резултати во рок од еден или два месеца. Но, секако, ова зависи и од вашата исхрана, како и од вашата моментална кондиција.
Стручен совет е да внимавате на водење на фитнес дневник, со цел детално да го следите вашиот напредок. На тој начин и тие мали разлики, кои понекогаш значат многу, ќе дојдат до израз во вашите очи и ќе ве мотивираат.
Следниот совет кој верно го следи првиот е самокритичноста. Но, бидете доволно реални дека кога ќе ја прекршите диетата или ќе прескокнете тренинг, ќе си речете: „Не ми требаше ова, секој ден на опуштање е всушност чекор назад“.
Да се сумира сето тоа, клучот е упорноста и истрајноста во ова патување.