Македонската хокеарска репрезентација вчера постигна огромен успех, откако го освои „Девелопмент Купот“ што се одржа Фисен, Германија со победа против Португалија од 9-3.
Македонија запиша пет победи на пет натпревари и покажа дека има талент и треба да се вложува во овој спорт. Па, по освојувањето на неофицијалното Светско првенство за држави без затворени хокеј арени, се јави претседателот на хокеарската федерација на Македонија, Никола Тасев, кој порача дека ни треба хокеј арена.
Тој апелираше:
НИ ТРЕБА ХОКЕЈ АРЕНА!!!
Светско првенство во хокеј за држави без хокеј арена или официјално IIHF Development Cup.
ГО ОСВОИВМЕ!!!
Со 5 победи во 5 натпревари. Докажавме дека хокејот не е мал и непросперитетен спорт во Македонија, напротив, има иднина ама нема услови.
Десет години се мачевме со претходната власт да се убедуваме дека хокеј арена е неопходна за развој на 5 зимски олимписки спортови. Не успеавме. Речиси две години од оваа влада исто така абер нема да се направи нешто на ова поле. Во ред е да имаме 5 монтажни лизгалишта низ цела држава, но сакаме ХОКЕЈ АРЕНА!!!
15 години се мачиме да го дигнеме хокејот, 15 години со сопствени средства го одржуваме овој спорт, 15 години чекаме на хокеј арена!
НИ ТРЕБА ХОКЕЈ АРЕНА под итно, НИ ТРЕБА ХОКЕЈ АРЕНА која не чини повеќе од еден лав или ограда на мост, САКАМЕ ХОКЕЈ АРЕНА која не чини повеќе од сумата исплатена на 3 компании блиски до Владата од Фондот за Иновации на жими мајка.
Кога гледам како на глупости се трошат народни пари ми доаѓа да врискам се погласно секој ден: САКАМЕ ХОКЕЈ АРЕНА!!!
Голема благодарност до хокејарите, до стручниот штаб, до пријателите на хокејот….овој успех е заеднички. Отидовме во Германија на првенство со броени пари, за пат, за спиење и по некој сендвич, се вративме златни со пехар, со покажување на пркос дека можеме да успееме и кога немаме услови и кога никој не верува во нас.
ХОКЕЈОТ ИМА ИДНИНА ВО МАКЕДОНИЈА – НИ ТРЕБА АРЕНА!!!
Веднаш по него се огласија и македонските херои, кои ја израдуваа јавноста со златниот медал, па испратија јасна порака – „НИ ТРЕБА ХОКЕЈ АРЕНА!!!“