Македонската тенисерка Александра Симева имаше успешен старт на ИТФ-фјучрс турнирот во Анталија, Турција, вреден 15.000 долари и обезбеди учество во главната фаза.
Нашата тениска надеж која има 16 години со три победи ги мина квалификациите и дојде до место во главната фаза.
Таму ја чека натпревар против Дарија Лодикова од Русија која се наоѓа на 735 место на ВТА-листата.
На овој турнир ќе имаме претставник и во машка конкуренција. Тоа е Горазд Србљак кој ќе игра против Жаим Фарија од Португалија, инаку 1849 на АТП-листата.
Исто така тој игра и во двојки каде забележа победа во првата рунда со партнерот Гергели Мадарж од Унгарија.