Македонската одбојкарска репрезентација ја победи Романија синоќа во Скопје во првиот тест-натпревар во рамките на подготовките за претстојното Европското првенство.
Избраниците на селекторот Јошко Миленковски победија со 3:1, по сетови 25:23, 21:25, 25:18 и 25:21.
Пред овој натпревар двете репрезентации одржаа заеднички тренинг.
Македонската и романската репрезентација се подготвуваат за Европското првенство од 30 август до 6 септември на кое Одбојкарската федерација на Македонија ќе биде коорганизатор.