сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Почина легендата на Формула 1, беше пионер кој ги помести границите во време на голем ризик

Почина легендата на Формула 1, беше пионер кој ги помести границите во време на голем ризик

Легендарниот британски возач Тони Брукс, кој забележа шест победи на трките во Формула 1 во 50-тите, почина на 90-годишна возраст.

Тој славеше на своето деби во Формула 1 на трката за Големата награда на Сиракуза во 1955 година. За трката се пријави во последен момент и на неа учествуваше како студент по стоматологија.

-Тој беше дел од специјална група возачи кои беа пионери и кои ги поместуваа границите во време на голем ризик. Ќе ни недостига и нашите мисли се со неговото семејство во моментов, изјави извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали.

Првата официјална победа ја постигна на трката за Големата награда на Британија во Ливерпул, во 1957 година.