вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Почина познатиот бодибилдер: Имаше само 37 години, се “сруши“ по последниот натпревар

Почина познатиот бодибилдер: Имаше само 37 години, се “сруши“ по последниот натпревар

Професионалниот бодибилдер од Полска, познатиот Пол Полочек почина на 37-годишна возраст, веднаш по едно натпреварување во Германија.

Зад себе ги остави сопругата и ќерката, а причината за смртта се уште не е соопштена.

За жал, неговата трагедија е уште една во низата смртни случаи во неговиот спорт – и меѓу најуспешните спортисти.

Сопругата на Пол, Катрин Денев објави емотивна порака на Инстаграм:

„Бодибилдингот беше твојот живот. Не си заборавен, ќе живееш во нашите срца. Ќе те сакаме засекогаш“, напиша таа.

“Ќе направам се што можам за да го одржам твојот сон жив. Те сакам”, додала таа.