петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Почна продажбата на влезници за Параолимписките игри 2024

Почна продажбата на влезници за Параолимписките игри 2024

Продажбата на вкупно 2.8 милиони влезници за Параолимписките игри 2024 во Париз почна денеска според принципот „прв дојден, прв услужен“, по цена од 15 до 100 евра.

„Навистина сакам да ги поттикнам сите наши сонародници да купат билети“, рече претседателот на Франција, Емануел Макрон, во неделата која беше посветена на параспортистите во Париз.

Од вкупниот број билети, 60.000 се наменети за лесно достапни места, а 12.000 се резервирани за лица со инвалидитет.

Влезниците за свеченото отворање и затворање на Игрите дополнително ќе бидат ставени на продажба.