недела, 24. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Почна пролетниот дел од сезоната во пингпонгарските лиги

Почна пролетниот дел од сезоната во пингпонгарските лиги

Изминатиот викенд се одиграа првите натпревари од клупскиот систем на натпреварување за сезона 2022/23 – пролетен дел.

Во саботата се играа натпреварите од Втора лига мажи и Прва лига жени и се постигнаа следните резултати:

Втора лига:

Пелистер – Прилеп 3 : 4

Женска лига:

Крива Паланка – Зегин Берово 4 : 3

Во неделата се играше 10. коло од Суперлига мажи и Прва лига мажи. Се постигнаа следните резултати:

Резултати од Супер лига 10. коло:
Берово – Рисови  4 : 3
Кочани – Телеком Нец 2  1 : 4
Младост – Крива Паланка 2007  0 : 4
Младост 96 – Крива Паланка 4 : 3
Шампион Фа – Работнички  4 : 2

Резултати од Прва лига мажи 10то коло:
Астраион – Кратово 4 : 1
Берово 2 – Шуто Оризари 4 : 0 – службена
Пелагонија – Борец Тим 4 : 2
Радовиш – Дебар Маало 4 : 1
Телеком Нец – Вардар 1 : 4

По изиграните натпревари нема промена на лидерските места на табелата. Во Супер лига екипите Телеком Нец 2 и Младост 96 го делат првото место, додека во Прва лига екипите на Вардар и Пелагонија го делат првото место. (МИА)