сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Почнува надмудрувањето за престижниот пехар во македонскиот одбојкарски куп

Почнува надмудрувањето за престижниот пехар во македонскиот одбојкарски куп

Иако куп-натпреварувањата честопати носат неизвесност и вниманието го заслужуваат со непредвидливоста, 29-то издание на македонскиот одбојкарски куп засега им одеше на рака на најдобрите екипи во тековната сезона. Тоа значи дека од денеска до недела, во салата „Јасмин“ во Кавадарци, ќе дефилираат двата водечки квартета од шампионатот.

Први на сервис ќе бидат одбојкарите, Вардар ќе игра со Универзитет во Тетово, а Струмица 47&72 ќе се соочи со Шкендијаво денешните полуфинални средби.

Со оглед на реномето и на резултатите сезонава, актуелниот првак и бранител на ланскиот пехар, Струмица 47&72, е апсолутен фаворит доминацијата во македонската одбојка да ја потврди со осмата куп-круна во последните десет години. Во истиот период струмичани освоија седум од вкупно осумте првенствени титули, така што секој поинаков епилог освен нивни триумф би бил наспроти сите очекувања.

Шкендија во 2011-та се радуваше на двојна круна и со тие убави сеќавања може да се обиде да одигра растоварено и да му парира на фаворитот, којшто сезонаванема пораз, а на 21 меч во првенството и во купот загуби само еден сет. Тетовскиот тим е второпласиран на табелата, а три од петте порази сезонава му се од денешниот ривал, така што лесно може да се заклучи дека првото полуфинале меѓу Вардар и Универзитет во Тетово би требало да биде потешко за прогноза. Црвено-црните сетретопласирани во шампионатот, имаат три победи повеќе од Универзитет во Тетово и два успеха во трите меѓусебни пресметки сезонава. Тоа што вардарци се радувааво купот во 2013-та кога последен пат станаа и прваци, не треба да биде реалнапредност исто како и фактот што Универзитет во Тетово беше финалист во купот воминатите две изданија.

Саботната програма на завршниот турнир во Кавадарци е предвидена за дамите. Минатогодишниот победник Јанта волеј Кисела вода ќе сервира против финалистот од 2019-та Наковски волеј, додека, пак, лидерот во лигата и најдобриот во купот пред три години, Работнички Скопје, ќеигра со Струмица жени. За разлика од лани, овој пат во конкуренција не е екипата на Вардар жени која не успеа да влезе меѓу четирите најдобри.

Сите шест натпревари од салата „Јансми“ ќе бидат емитувани на програмата на Македонската радиотелевизија, денеска од 15 часот и 50 минути е судирот на Вардар и на Универзитет во Тетово, а од 18 и 50 мечот меѓу Струмица 47&72 иШкендија.

Македонски одбојкарски куп (мажи), полуфинале

Вардар – Универзитет во Тетово (денеска, 15.50, МРТ-3)

Шкендија– Струмица 47&72 (денеска,18.50, МРТ-3)

Македонски одбојкарски куп (жени), полуфинале (утре)

Јанта волеј Кисела вода – Наковски волеј (15.50, пренос на МРТ-3)

Струмицажени – Работнички Скопје (18.50,пренос на МРТ-3)

Македонски одбојкарски куп – (недела)

16.00 ФИНАЛЕ (жени) (пренос на МРТ-3)

19.00 ФИНАЛЕ (мажи) (пренос на МРТ-3)