Возачот на „Ред Бул“, Макс Ферстапен ја освои пол позицијата пред Формула 1 трката за Големата награда на Мексико.
Зад него ќе стартуваат двајцата пилоти на „Мерцедес“, Џорџ Расел и Луис Хамилтон. Расел за 0,304 секунди беше побавен од Ферстапен во квалификациите, додека Хамилтон зад клупскиот колега заостана за пет илјадитинки.
Четврто време имаше вториот возач на „Ред Бул“, Серхио Перес, а редоследно од петтото до 10 место се најдоа Саинц, Ботас, Леклер, Норис, Алонсо и Окон.
Трката за Големата награда на Мексико ќе започне в недела од 21.00 часот