Полјакот Давид Томала (31) ја освои олимписката титула во брзо одење на 50 километри во трката одржана утрово во Сапоро, на островот Хокаидо.
За Томала ова беше само втора негова трка во оваа дусциплина на која неодамна се префрли од 20 километри со образложение дека „бара нов предизвик‘.
Полјакот дојде до златниот олимписки медал со 36 секунди побрзо време од второпласираниот Џонатан Хилберт од Германија, додека бронзениот медал го освои Еван Данфи од Канада со 51 секунда заостанување зад Томала.
Трката во брзо одење на 50 километри беше на програмата на сите Олимписки игри од Лос Анџелес 1932, со исклучок на Монтреал 1976, но нема да биде на програмата на следните игри што за три години ќе се одржат во Париз. (МИА)