Кај мажите во маратонот на пет километри како и лани и годинава прв е Евгениј Поп Ацев од ПК „Вардар 2018“, во фото финиш. а и кај жените како и лани победник единствената учесничка во женскиот маратон на 5 километри Јана Костадиновска од ПК „Младост“ од Скопје. Втор кај машкиот маратон на 5 километри беше Александар Илиевски ПК „Нептун“, а трет Кристијан Стојановски од ПК„Младост“ од Скопје. Годинава немаше пријавени на маратонската трка за мажи и жени на 10 километри информираат за МИА од организациониот одбор.
Како што појасни Роберт Папазов од организациониот одбор на денешниот пливачки маратон имаше 44 учесници од кои 33 професионалци и 11 за трката за рекреативци. Освен од клубовите од земјава учествуваа и бугарски пливачи од Софија,а не дојдоа пливачите од Србија ,Косово и Хрватска.Воедно овој маратон беше четврти и последен од Македонскиот куп во далечинско пливање. Кругот на патеката во езерото беше во должина од 1.250 метри.
– Со оглед на лошите временски услови,добро поминавме.На почетокот на манифестацијата на рекреативната трка на 2,5 километри имаше силен ветер, но потоа се стиши и натпреварите поминаа во ред и во најголема безбедност,појасни Папазов.
Воедно за безбедноста на пливачите се грижеа 20 тина спасители на вода од Општинскиот Црвен крст и 30 тина кајакари од велешките кајакарски клубови.
За најдобрите во сите категории наградите во вкупна вредност ги обезбеди Вулканизер „Дине“ кој секоја година е подржувач на маратонот.
Во рекреативниот маратонска трка на 2,5 километри со која започна и денешните натпреварите кај жените единствена учесничка беше Теодора Соколова,а кај мажите од десетина учесници,во машка конкуренција Дарко Поп Ацев,втор Дејан Гуџов и трето место Дарко Соколов.
Во промотивната трка на деца до 12 години на 800 метри,во машка конкуренција единствен учесник беше Никола Ивановски ПК „Делфин“, а и во женска конкуренција исто така сама Матеa Јанкоска ПК „Делфин“.
На 2,5 километри мажи во категорија 2005-2007, прво место освои Андреј Караскакоски ПК „Скопје“,втор Михаил Велков ПК„Нептун“трето место Мартин Личев“ ПК „Лески 2014“ од Софија Р.Бугарија.
Во категорија 2008-2010 година единствен учесник беше Давид Трпчевски од ПК „Делфин“.
Во женска конкуренција на 2,5 километри во категорија 2005-2007,прво место освои Ивана Неделковска од ПК „Скопје“ втора Јоана Неделковска од ПК „Скопје“ и трета Росана Ѓошева од ПК „Скопје“.
Во категорија 2008-2010 на 2,5 километри прво место освои Сара Јанковиќ од ПК„Скопје“второ Зорица Христова од ПК „Левски 2014“ од Софија Р.Бугарија,трето место Софија Стефановска од ПК „Нептун“.
Велешкиот пливачки маратон 2022 го организира Општина Велес и Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28“ под покровителство на Пливачката федерација на Македонија.
По многу години најава,организаторот најави дека конечно догодина 10 јубилеен „Велешки пливачки маратон 2023“ ќе биде дел од Европскиот куп во далечинско пливање.
Горан Стојановски од Националната пливачка федерација на Македонија информира дека овој Велешки маратон влегува во календарот на ФИНА. (МИА)