петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Пораз на одбојкарките на првиот ден на МИ

Пораз на одбојкарките на првиот ден на МИ

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија загуби од Египет со 3-1 (25-20, 11-25, 25-19, 25-23) во сетови во првиот ден на Медитеранските игри.

Ова беше прв натпревар на нашата селекција по пауза од една деценија на големите натпреварувања. Египет отвори сигурно освојувајќи го воведниот сет со 25-20, но македонските одбојкарки силно го возвратија ударот израмнувајќи на 1-1 со 25-11.

Сепак, наредните два сета припаднаа на Еѓипќанките, иако во четвртиот сет нашите претставнички во еден момент имаа водство.

Македонија веќе утре ќе го игра натпреварот од второто коло против Тунис, а за ден подоцна е предвиден дуелот против Грција.