Американската тенисерка Серена Вилијамс ја најави својата тениска пензија по УС Опен, а откако беше елиминирана од Ајла Томљановиќ, веројатно дојде крајот на неверојатната кариера на Американката.
Интересни информации се појавија во Соединетите Американски Држави, а поврзани за телевизискиот пренос кој одеше на програмите на „ЕСПН“.
Серена Вилијамс загуби од Томљановиќ во веројатно последниот меч во својата кариера, а тоа е најгледаниот тениски настан на оваа телевизиска мрежа.
„ЕСПН“ објави дека во просек мечот го гледале 4,8 милиони гледачи, додека максимумот бил достигнат во 22:15 часот со 6,9 милиони пред малите екрани. Секако, овие бројки се однесуваат само за натпреварите кои ги пренесува оваа мрежа, а не и за останатите куќи.