Футсакл репрезентацијата на Португалија по втор пат во историјата стана првак на Европа откако ја победи Русија со 4:2 сво финалето во „Зиго Дом“ на ЕУРО 2022 во Холандија.
Русија водеше по првото полувреме со 2:1 но во вториот дел не одговори на предизвикот, па освојувачот на ЕУРО 2018, повторно дојде до златниот медал. Бронзата ја освои Шпанија која во дуелот за третото место ја совлада Украина со 4:1.
Португалецот Зики Те, беше прогласен за играч на турнирот, на кој најефикасен е Оразов од Казахстан со седум голови.