четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Потоп на фаворитите во Мелбурн на АО

Потоп на фаворитите во Мелбурн на АО

Американскиот тенисер Себастијан Корда се пласираше во осминафиналето на „Австралија опен“ откако во третото коло славеше против Русинот Данил Медведев со 7:6 (7), 6:3, 7:6 (1).

Многумина го гледаа рускиот играч како најголема закана за Новак Ѓоковиќ во завршницата на Австралија опен. Корда во осминафиналето ќе игра против полскиот тенисер Хуберт Хуркач, кој претходно денеска беше подобар од Денис Шаповалов со 7:6 (3), 6:4, 1:6, 4:6 и 6:3.

Претходно елиминација претрпеа и вториот носител Каспер Руд, осмиот носител Тејлор Фриц, 11 носител Камерон Нори, 12 носител Александар Зверев и 14 носител Пабло Карењо Буста.