четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Познати номинираните за наградата „Лауреус“

Познати номинираните за наградата „Лауреус“

Секоја година, еден од најдобрите спортисти го добива признанието „Лауреус“. Повеќе од 1.000 новинари од целиот свет гласаат за номинираните лауреати, па се бира по еден спортист и спортистка.

Оваа година во изборот во машка конкуренција за признанието ќе се борат Лионел Меси, Рафаел Надал, Арманд Дуплантис, Килиан Мбапе, Стеф Кари и Макс Верстапен кој минатата година беше лауреат.

Меси и Мбапе ги водеа своите селекции до финалето на Светското првенство, Аргентинецот го освои единствениот трофеј во кариерата кој му недостигаше.

Надал оваа година со освојувањето на Австралија Опен стана најтрофеен на Грен слем турнирите, ама потоа Новак Ѓоковиќ се израмни со Шпанецот.

Покрај нив, тука е и Дуплантис кој постави рекорди, Стеф Кари кој беше шампион со Голден Стејт во НБА лигата и Верстапен кој вторпат стана првак во Формула 1.