недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Познати шеширите за финалниот АТП турнир

Познати шеширите за финалниот АТП турнир

Завршниот Мастерс турнир ќе се одигра во Торино, а на него ќе учествуваат осум тенисери. Отсутен поради повреда ќе биде првиот светски рекет, Карлос Алкараз, па веќе се познати шеширите пред ждрепката.

Во првиот како главни носители се најдоа Рафаел Надал и Стефанос Циципас. Поради отсуството на Александар Зверев, во вториот ќе бидат Каспер Руд и Данил Медведев, додека Оже-Алијасим и Рубљев се во трет. Новак Ѓоковиќ, кој со Тејлор Фриц се во четвртиот шешир.

  • Шешири за ждрепката за финалниот Мастерс:

Шешир 1: Рафаел Надал, Стефанос Циципас
Шешир 2: Каспер Руд, Данил Медведев
Шешир 3: Феликс Оже-Алијасим, Андреј Рубљев
Шешир 4: Новак Ѓоковиќ, Тејлор Фриц

Според сегашните шешири, постои можност да има „група на смртта“ со Надал, Медведев и Ѓоковиќ. И натаму постои простор некој да откаже, па прва замена е Холгер Руне кој неодамна го освои АТП турнирот во Париз. Ждрепката е закажана за в четврток од 12:00 часот. Завршниот турнир во Торини ќе се одржи од 13 до 20 ноември.