сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Примож Роглич со триумф на Џиро д’Италија 2023

Примож Роглич со триумф на Џиро д’Италија 2023

Словенечкиот велосипедист Примож Роглич е севкупен победник на Џиро д’Италија 2023 една од трите најпопуларни трки во велосипедизмот.

Роглич кој го освои трофејот заврши со време од 82 часа 40 минути и 36 секунди, со една минута и 15 секунди подобро време од најблискиот конкурент Жоао Алмеида.

За Роглич ова е прв триумф во генералниот пласман на Џирото, а има три триумфи на Вуелта (2019, 2020 и 2021).

Инаку во финалната трка во Рим победи Марк Кавендиш па така со триумф го заврши Џирото, а на крајот на сезоната ќе се пензионира. Тоа е негов 17-ти триумф на Џиро во седум различни изданија.